Предлозите на Нимиц ќе се разгледуваат, а потоа ќе се коментираат

19.01.2018 | 11:48
Прочитано: 1382

Новите идеи за решавање на спорот со името што медијаторот Метју Нимиц ги претстави на разговорите во Њујорк не може да се коментираат јавно пред темелна анализа и изграден став на државниот врв. Ваква реакција беше испратена од Министерството за надворешни работи откако преговарачот од македонска страна Васко Наумовски го оцени предлогот на Нимиц како недостоинствен.

 

Според МНР учеството во процесот за надминување на разликата со името меѓу Македонија и Грција бара висок степен на професионалност и одговорност. Градењето мостови и отворањето врати кон европската и евроатлантската иднина на земјата бара трпение и посветеност. Македонскиот претставник Наумовски по последната рунда разговори во Њујорк изјави дека предлозите изнесени од медијаторот Метју Нимиц се далеку од достоинствено решение.

 

За ДУИ ваквата изјава е избрзана, за ВМРО-ДПМНЕ е изјава која треба да се сфати сериозно, додека во СДСМ, пак, сметаат дека предлогот треба да се разгледа, па дури тогаш да се даваат констатации. Последниот предлог не го коментираше и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се додека не биде разгледан и не се изгради заеднички став. Оцени дека е добро што има нов предлог за името. Според Владата, пак по последните разговори се создаваат услови за придвижување напред на процесот за решавање на прашањето за името, а исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.