Пратениците утре ќе бираат потпретседатели на Собранието

19.02.2018 | 21:29
Прочитано: 1688

По две недели пауза - пратениците утре ќе работат. Закажани се неколку комисии и две собраниски седници. Доколку обезбедат кворум за седница - ќе се обидат да изберат потпретседатели на законодавниот дом. Со тоа се дава втора шанса за Фросина Ременски, Горан Мисовски и Весел Мемеди.

Претходиот обид за нивни избор пропадна, бидејќи опозицијата реагираше дека точката е ставена на дневен ред во последен момент без тие да бидат предупредени.

На седницата е и предлогот на пратеникот на ВМРО - ДПМНЕ Антонијо Милошоски за објавување на оглас за нова ДИК. Законот за јазици и понатаму е на „стенд-бај“ како и дел од реформските закони. Според информациите за нив се чека политички договор како што објави ТВ 24 дипломатски извори очекуваат дека за овие точки да има лидерско средба,  а токму во таа насока ја толкуваат најавената средба меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.