Пратениците од власта и опозицијата ги усогласија ставовите за законите на судските реформи

16.04.2018 | 17:03
Прочитано: 1991

Во хармонична атмосфера, и без дебата во собраниска комисија поминаа дел од реформските закони за судството. Ова е епилогот, од викенд средбите меѓу власта и опозицијата на која се пеглаа несоглАсувањата, откако  во четвртокот не беа изглАсани.

На комисијата беа прифатени сите амандмани за измените на законот за судски совет и половина од поднесените за законот за судови. Токму овој закон според информациите предизвика доцнење на комсијата, бидејќи иако усогласен , власта заборавила да нотира дека ќе биде потребен и Бадинтер.  Амандманите не беа образложени од подносителите, освен од пратеникот Панчо Минов, кој ја поздрави, како што рече демократската соработка помеѓу власта и опозицијата.

„Ние како претставници на опозцијата, интервениравме и за поздравување е демократската соработка во меѓупарламентарните групи на власта и опозицијата во однос на зголемување на основните за разрешување на судиите.“ - изјави Панчо Минов – пратеник ГРОМ.

Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, најави дека предлог измените откако ќе поминат на собраниска седница, ќе бидат испратени и до Венецијанската комисија. Според Ристовски, процесот на реформи во судството ќе трае долго, а ќе има и дополнителни измени на закони.

„Реформите во судството ќе траат, значи не е само до законот Законите не беа лопи, ова се смао доусовршувања. Овие закони ќе одат на Венецијанската комисија и ќе видиме што че се случи ов јуни и повторно ќе бидат предмет на разгледување, доколку добиеме забелешки од нив.“ - изјави Оливер Ристовски – Заменик министер за правда.

Предлог измените на  двата закони, се фокусираат на дисциплинската одговорност на судиите и на гласањето во судскиот совет. Предвидените измени се дел од реформскиот план на владата во пресрет на објавувањето на извештајот на Европската комисија за земјава, иако е неизвесно дали утре ќе има собраниска седница за да бидат изгласани, или пак тоа ќе се случи во четврток по обраќањето на шефицата на европската дишломатија, Федерика Могерини.

Потребата од реформи во судството беше нотирана во сите извештаи на Европската Унија, и особено во извештајот на германсмиот експерт Рајхард Прибе, каде судството беше карактеризирано како партизирано и неефективно.


Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.