Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на координација со партиското раководство

12.10.2018 | 13:08
Прочитано: 4717

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред почетокот на продолжението на седницата на Комисијата за уставни прашања одржуваат координација со партиското раководство. Координацијата се одржува во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Почетокот на продолжението на Комисијата за уставни прашања на која треба да продолжи претресот за Предлогот за пристапување кон уставни измени е закажан во 14 часот.

Претресот по оваа точка на дневниот ред почна во средата. Предлогот за уставни измени го образложи премиерот Зоран Заев. Во дебатата по претресот учествуваа пратеници од сите пратенички групи, вклучувајќи ги и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа против дневниот ред.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе оддржи седница на ИК, на која ќе се заокружат подготвките за предвремени парламентарни избори.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.