Прашањето за името на дневен ред на средбата Ципрас - Меркел во Брисел

23.02.2018 | 09:15
Прочитано: 683

Прашањето за името на Македонија ќе биде на дневниот ред на средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка Ангела Меркел што ќе се одржи денеска во Брисел во рамките на неформалната средба на 27-те земји членки на ЕУ, објави грчкото издание „Зунгла“.

Според весникот, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев Меркел изразила став дека „ситуацијата во Македонија е смирена во голем степен и дека земјата е навлезена во фаза на стабилизација. Се одбележува и дека по разговорот со Заев, германската канцеларка добила впечаток дека неговата Влада ја сели „амбициозната реформска програма“ и дека „полага напори за да ја реализира“.

Прашањето со името било една од темите и на телефонскиот разговор Ципрас - Меркел, што се случи еден ден пред посетата на премиерот Заев на Берлин и средбата со германската канцеларка, потвдија од кабинетот на Ципрас.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.