Познат списокот на младите фудбалери кои ќе се борат за пласман на ЕП У-17

14.03.2018 | 19:21
Прочитано: 862

Македонската млада фудбалска репрезентација до 17 години, паралелно со онаа до 19-години, следната недела ќе води битки за пласман на ЕП во Англија.

Иако оваа селекција не изобилува со фудбалски таленти, како онаа генерација до 19 години, сепак радува нивниот голем оптимизам за историски резултат на последениот квалификациски филтер, кој води кон завршницата во Англија.

Селекторот Горан Станиќ го соопшти составот, кој в недела ќе стартува со подготовките за елитниот квалификациски турнир во Полска, кој ќе се одржи во периодот од 21. до 27. март.

„Турнирот во Полска е голем предизвик за сите нас, но патуваме без притисок и ќе настојуваме да се претставиме во најдобро светло. Доколку ни се укаже можност, секако дека ќе се бориме за историски резултат и пласман на завршницата во Англија. Во составот имаме 21 фудбалер и според мене, а мислењето го дели и стручниот штаб во репрезентацијата, во моментот ова се најподготвените фудбалери.

Фаворит за освојување на првото место е домашната Полска, со Р. Ирска лани во септември одигравме двомеч (пораз од 2:0 и 0:0) и мислам дека ќе бидеме во конкуренција за позитивен резултат. Се надевам дека ќе останеме здрави и добро ќе се подготвиме за натпреварите, изјави селекторот Горан Станиќ.

Првиот натпревар „Црвено-жолтите“ го играат против Р. Ирска на 21 март, три дена подоцна ќе се сретнат со домаќинот Полска, а последниот меч е против Грузија на 27. март. Само најдобрата селекција од Групата директно ќе се пласира на ЕП во Англија, кое ќе се игра летово.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.