Пожари на грчките острови Закинтос и Андрос

10.08.2018 | 10:21
Прочитано: 536

Делумно под контрола се ставени пожарите на грчките острови Андрос и Закинтос, додека пак за денеска Секретаријатот за цивилна заштита на Грција предупредува за зголемена опасност од нови пожари.

Според локалните медиуми од Закинтос, вчерашните пожари во селата Килиоменос и Махерадо се делумно ставени под контрола. Во гаснењето учествуваат 10 пожарникари со пет возила, еден канадер, два авиона и еден хеликоптер.

На островот Андрос, како што соопштуваат од грчката противпожарна служба, пожарот ви областа Амолохос е ставен делумно под контрола. Таму, во гаснењето учествуваат осум пожарникари со четири возила и два авиона.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција за денес предупредија зголемена опасност од пожари во голем дел од земјата. Во портокалова фаза (многу висока опасност, категорија 4) се Халкидики, областа Атика, речиси целиот остров Пелопонез, полуостровот Евија, островите во северниот дел на Егејското море (Лезбос, Хиос, Самос, Икариа), Килкадските острови, како и островите во Јонското море (Лефкада, Кефалониа, Закинтос).

- Паралелни, Генералниот секретаријат за цивилна заштита им препорачува на граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат активности на отворено кои може да предизвикаат пожари, како што е фрлање на запалени цигари, палење сува трева и гранки или остатоци од чистење, употреба на машини пто создаваат искри, како што се пили, апарати за заварување, употреба на скари и сл, соопштуваат од секретаријатот за цивилна заштита во препораките до граѓаните за избегнување пожари.

Во изминатите 24 часа грчката противпожарна служба интервенирала за гаснење на 32 шумски пожари.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.