Пожар во зграда во скопско Дебар Маало

12.06.2018 | 17:24
Прочитано: 4979

Пожар избувна во станбена зграда во Дебар Маало. Три станови од четвртиот кат заедно со поткровјето беа во пламен поради експлозија на бољер при што е  причинета поголема материјална штета.

Сопствениците на становите беа вознемирени и не сакаа да зборуваат пред камера, но велат дека од кога сфатиле дека се работи за пожар пробале да го изгаснат самите. Огнот набргу се проширил, па потоа побарале помош од противпожарната бригада.

„Интервенцијата се одвиваше во отежнати услови, од причини што самата градба е од дрвен материјал и шиндра што дополнително го разгорување огнот. Но, успеавме за релативно кратко време да интервенираме за огнот да не се прошири во соседната ветирикала.“ - вели Звонко Томевски – командир на противпожарна бригада.

Командирот на противпожарната вели дека доколку станарите побарале помош од нив во истиот момент кога ја слушнале експлозијата, пожарот немало да се прошири низ целиот спрат.

Повредени за среќа нема, но при интервенцијата на екипите беше повреден еден од пожарникарите. 17 пожарникари и 7 противпожарни возила беа вклучени во гаснењето на огнот. По два часа интервенирање, огнот е целосно изгаснат.


Андријана Лазова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.