Повторно одложено рочиштето за „Монструм“

11.07.2018 | 17:32
Прочитано: 484

Наместо во судницата денеска да се слуша сведочење на заштитениот сведок  за случајот Монструм, рочиштето повторно се одложи. Причина за денешното одлагање е затоа што судијата Осман Шабани е на боледување.

Родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро со негодувања за одлагањата на рочиштата за петкратното убиство. Прашуваат како може судиите да се разболуваат само во летниот период? Адвокатката на оштетените вели дека ова постојано се повторува и тоа во последен момент, а се работи за случај кој го чекаат со нетрпеливост.

„Не можеме да коментираме, сепак болест си е болест. Меѓутоа, едно знам дека ова е уште еден удар за родителите на момчињата, но и за целата македонска јавност. И претходното рочиште се одложи и за ова се спремавме и ние и судот. Не е во ред вака 5 до 12 да се одлагаат сите рочишта кои со нестрпливост ги чекаме сите ние. Се надевам дека ова нема да се повтори.“ - изјави Дафина Ивановска - адвокат.

Претходното рочиште пак беше одложено поради недостиг на технички услови за сослушување на заштитениот сведок, при што требаше да се овозможат услови со кои ќе се скрие идентитетот на сведокот. Беше предвидено и за прв пат јавноста да биде присутна на вакво рочиште. Рочиштето за случајот Монструм се закажува за крајот на август, и има три нови датуми.

Родителите на убиените момчиња освен што се револтирани поради одложувањето на процесот,  бараат вистината која им била ветена да излезе на виделина, и посочуваат дека ги очекуваат транскриптите од разговорите помеѓу функционерите на ДУИ кои велат дека им ги ветил премиерот Зоран Заев.


Андријана Лазова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.