Повеќе од 40 отсто ИЦС компјутери биле нападнати во првиот квартал

07.09.2018 | 09:28
Прочитано: 406

Повеќе од 40 отсто од компјутерите кои се дел од системот за индустриска контрола со заштитени решенија на компанијата Касперски, регистрирале напади со штетен софтвер најмалку еднаш во првата половина од 2018 година.

Најзагрозени држави од таков вид напади се Виетнам, Алжир и Шри Ланка.

Најбезбеден регион за тие системи била Данска.

Кибер нападите врз индустриски компјутери се сметаат за исклучително опасна закана, бидејќи предизвикуваат материјални загуби и застој на производствен циклус за целиот систем.

Тоа е сепак, продолжување на трендот – во 2017 година бројот се зголемил од 36,61 отсто во првата половина на годината на 37,75 отсто во втората половина од годината.

Во Виетнам биле нападнати во 2018 година 75,1 отсто компјутери, Алжир – 71,6 и Мароко 65 отсто. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.