Потег за почит, Погба пласманот во финале им го посвети на малите херои од Тајланд

11.07.2018 | 09:20
Прочитано: 2459

Францускиот фудбалски репрезентативец Пол Погба влезот во финалето на Мундијалот во Русија им го посвети на 12. дечиња кои дваесетина дена беа заробени во пештера во Тајланд.

„Оваа победа оди за хероите на денот. Браво момчиња, вие сте толку силни“ – напиша Пол Погба на Инстаграм профилот откако синоќа Франција ја совлада Белгија со 1:0 и влезе во финалето на Мундијалот.

Момчињата кои се на возраст од 11 до 16 години, заедно со својот фудбалски тренер, 25-годишен беа заглавени во пештера во Тајланд.

Спасувачката мисија траеше 3 дена и  вчера сите 12 момчиња и тренерот беа извлечени од пештерата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.