Постојаните осцилации со водата во Охридското езеро ќе се решаваат со нов интегрален план

15.05.2018 | 17:33
Прочитано: 839

Со нов мастер план  министерството за животна средина ќе ќе го регулира и заштитува охридското езеро. Ќе биде изработен за 18месеци,  а ќе има за цел да го заживее билатералниот договор меѓу Македонија и Албанија од 2011 година.

Надлежните се оптимисти дека во иднина многу подобро ќе се регулира управувањето со водата од двете страни на езерото што не беше случај низ годините наназад, а резултираше со големи осцилации како што е и во моментот состојбата со екстремно покаченото ниво.

„Очекувам во рамките на овој проект да заживее тој билатерален комитет кој го третира ова. Ни треба еден договор.“ - изјави Изјава Јани Макрадули, заменик министер за животна средина.

„Очекуваме ова да биде како камен темеленик и соработката која почна во 1996 меѓу пет држави. Очекуваме за година ипол да биде завршен овој мастер план.“ - изјави Димитрис Фалуцис заменик директор „Глобално Партнерство за води“

Мора да има нови мерки и препораки за регулација на езерото преку испустот на Црн Дрим а новиот план е само една алка која недостасуваше низ годините наназад за севкупна заштита на целото подрачје вели координаторот на ГЕФ дримскиот проект Дејан Паноски.

„Препораките ќе треба државите да ги иплементираат и кои ќе значат нови видувања на регулавија на езерото и начлин на соработка на билетерално на ниво.“ - изјави Дејан Паноски, национален координатор  ГЕФ Дримски басен.

Планот е билатерален и интегрален и ќе биде изработен во согласност со Европската рамковна директива за води и националните законодавства на двете земји кои го споделуваат Сливот на Охридското езеро.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.