После Велигден најверојатно грчкиот премиер Ципрас ќе достави предлози за решение за името до грчкиот парламент

14.03.2018 | 17:31
Прочитано: 1427

САД се заинтересирани да се реши спорот со името, но одлуката за тоа сепак треба да ја донесат Македонија и Грција изјави денеска американскиот амбасадор Џес Бејли откако и вчера високиот американски претставник Вес Мичел на срдбата со премиерот Заев излезе со идентичен став. Амбасадорот Бејли додаде дека САД внимателно ги следат преговорите на како што рече двете држави кои ги окарактеризира како пријателски.

„Ние внимателно ги следиме Македонија и Грција, кои се наши пријатели и сојузници. Се надеваме дека тие заедно ќе можат да дојдат до заеднички прифатливо решение за името кое ќе им помогне на двете држави и на регионот, изјави амабсадорот Бејли на новинарско прашање за време на првиот годишен Форум на градоначалници во организација на Мировниот корпус на САД во Македонија и Министерството за локална самоуправа.“ - изјави Бејли.

Спорот со името ќе биде една од главните теми на која Американскиот помошник државен секретар Вес Мичел ќе разговара со грчките власти утре пишуваат медиумите во Грција во пресрет на неговата посета во Атина. Грчката државна новинска агенција АНА – МП пренесувајќи ги изјавите кои вчера ги дадоа Мичел и премиерот Заев дека САД ќе поддржи решение кое е заедничко прифатливо за двете држави исто така пишува и дека високиот американски претставник најверојатно нема да се сретне со шефот на грчката дипломатија Коѕијас кој од денеска е во Бостон.  

Веќе следната недела се очекува тој да го посети и Скопје, информацијата и денска ја потврди владиниот портпарол Миле Бошњаковски но во врска со пакетот кој ќе го донесе Коѕијас од владата не коментираат. Велат преговорите и натаму остануваат меѓу двете страни под покровителство на Нимиц.

„Многу е важно дека тој договор кој ќе го постигнеме, ќе биде взаемен компромис, прифатлив за двете страни, достоинствено решение Се во моментот оди преку Нимиц. Најавена е и посета на Коѕијас и тоа е уште еден чекор кон решавање на проблемот.“ - изјави Миле Бошњаковски Портпарол на Владата на Р.М.

Во пресрет на доаѓањето на шефот на грчката дипломатија во Скопје кога се очекува да пристигне и грчкиот предлог за грчкото радио Скај  лидерот на партијата Река Ставрос Теодоракис по средбата со премиерот Ципрас изјави дека најверојатно по Велигден Владата ќе ги достави предлог имињата до парламентот. Сепак во однос на тоа дали би ја поддржал Владата во Парламентот за евентуалниот договор, тој истакна дека за да говори за тоа дали ќе гласаат позитивно или негативно, потребно е прво да го видат предлогот.


Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.