Портланд го „преслуша“ Кливленд, нов трипл-дабл за Јокиќ во Денвер

16.03.2018 | 11:31
Прочитано: 677

Девет натпревари се одиграа во кошаркарската НБА лига. Портланд ја продолжи победничката серија триумфирајќи против Кливленд со 113:105. До 11-триумф по ред беше воден од Меккалум со 29 и Лилард со 24 поени.

На спротивната страна и покрај одличниот Леброн Џејмс со 35 поени, Кливленд го претрпе 29 сезонски пораз за пад на четвртото место на Исток. Портланд се трети на Запад со 43 победи и 26 порази.

Денвер славеше над Детроит со 120:113, благодарение на српскиот центар Никола Јокиќ, кој дојде и до осмиот трипл-дабл сезонава. Јокиќ блескаше со 23 поени, 12 скока и 10 асистенции, но најефикасен беше Мареј со 29 поени и 9 скока.

На спротивната страна се истакна Грифин со 26 поени, 9 асистенции и 6 скока, сепак недоволно за триумф на Детроит, кој останува деветти на Исток со скор 30/38.
Денвер иако е десетти на Запад со биланс 38/31, останува во тесна трка за место во плејофот заедно со Клиперс, Спарс, Јута и Њу Орлеанс.

На останатите натпревари, Индијана-Торонто 99:106, Алтанта-Шарлот 117:129, Њујорк-Филаделфија 110:118, Хјустон-ЛА Клиперс 101:96, Мемфис-Чикаго 110:111, Сан Антонио-Њу Орлеанс 98:93 и Јута-Феникс 116-:88.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.