Поранешниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески ќе работи во струмичката болница

20.03.2018 | 17:24
Прочитано: 7373

Екс градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески почна да работи во струмичката болница на одделот на интервентна кардиологија. Тој изминативе денови ги направи првите кардиолошки интервенции за стентирање и коронографии во Струмица на пациентите од југоистокот. Ќе доаѓа наизменично со колеги од клиничката болница во Штип со цел да се развие интервентната кардиологија во Струмица и да има 24 часовна здравствена заштита.

„Катедратизионата лабораторија со помошните простории изведена по високи стандарди за изведување на акутни конорарни интервенции на периферените крвни садови и дава одлични услови за равој на инетрвентна кадриологија.“ - вели Никола Бакрачески – кардиолог.

Доаѓањето на Бакрачески во струмичката болница е дел од планот  на министерот за здравство Венко Филипче за развој на интервентната кардиологија во внатрешноста на земјава, вели директорот на струмичката болница Гогов. Тој смета дека на овој начин се отвара можноста за едукација и на персоналот во струмичката болница.

 

„Ќе се едуцираат и ќе имаме интервентна кардиологија во општината. Ни доаѓаат пациенти во другите градови.“ - вели Наќе Гогов - директор.

За три години низ Ангио салата во Струмица поминале 860 пациенти, од кои кај 360 тина  се имплантирани стентови, а 185 пациенти биле третирани со акутен миокарден инфаркт.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.