Поради неиспочитуван договор, „Продис“ треба да плати казна од над 150 илјади евра

14.02.2018 | 17:57
Прочитано: 2055

Рускиот инвеститор Продис треба да плати над 150 илјади евра казна на државата, оти компанијата не го испочитувала договорот потпишан со Агенцијата за странски инвестиции. Според договорот Продис кој во Македонија произведува хомеопатски лекови и чаеви од 2013 година имала обврска да вработи најмалку 100 лица за една година, а во 2015 и 2016 не ја испочитувала оваа бројка.

„Согласно податоците што ги имаме биле вработени 40 лица во текот на овој период. Заради тоа Агенцијата за странски инвестиции почна постапка за наплата на средства поради активирање на договорени пенали за овие две години.“

Директорот на Агенцијата Дарио Николовски, во телефонски разговор не  откри детали околу казната и не одговори дали има и други странски инвеститори кои не ги почитуваат договорените обврски. Без коментар и компанијата Продис.

Инаку „Продис инвестираше 15 милиони евра, а пред две години го запре производтсвото откако компанијата, во 2013 и 2014 направи загуба од речиси 3 милиони евра. Пред околу една година започна постапка за превземање на Продис од друга руска компанија.

Поради политичката криза изминатиот период беше многу нестабилен за бизнисот во Македонија. Оценките на бизнис заедницата се дека нестабилноста и апстинирањето од инвестиции ќе продолжи се до конечното реашавање на спорот со името со Грција. Но и покрај тоа новата Влада успеа да потпише два нови договора за иневстиции во ТИР зоните и тоа според условите од мерки за економски раст. Фармацевстката компанија Саген ќе гради фабрика за лекови во Бунарџик, а компанијата Вик во прилепската зона.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.