Поповски останува во Шутка

14.06.2018 | 17:25
Прочитано: 1205

По одржана јавна седница, односно по разгледување на жалбата на поранешниот помошник министер во Министерството за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, Кривичен совет на скопска Апелација донесе решение со кое се отфрла неговото барање за укинување на мерката притвор.

Апелациониот суд не одлучувал и по прашања на висината на изречените неправосилни пресуди, туку само по барањето за укинување на мерката притвор.      

Од Апелациониот суд во Скопје велат дека притворот на Поповски, кој беше обвинет во предметите наречени „Триста“ и „Тенк“ беше изречен по барање на Специјалното јавно обвинителство, откако нему му беше изречена затворска казна во траење од девет години за набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, а е обврзан да ја надомести и направената штета од 453.570 евра.

Пред да биде притворен, за Ѓоко Поповски важеа други, поблаги мерки за негово обезбедување. Поранешниот помошник министер во МВР доби дополнителни 6 и пол години затвор за набавката на „мерцедес“ за потребите на Никола Груевски.


Љубиша Станковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.