Поништен конкурсот за јавни обвинители

18.12.2017 | 10:36
Прочитано: 904

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ го поништи огласот за прием на 60 слушатели на почетна обука-кандидати за јавни обвинители.

Управниот одбор на Академијата  на седницата одржана мината недела донесе одлука за поништување на јавниот оглас на академијата за прием на 60 слушатели на почетна обука-кандидати за јавни обвинители, објавен во службен весник, се наведува во одлуката објавена на веб страницата на академијата.

Огласот е поништен, бидејќи против 41 лице од пријавените кандидати е поведена постапка од Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „Фалсификување исправа“, која се уште е во тек. Овие кандидати конкурирале на огласот со фалсификат сертификати за англиски јазик. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.