Полициската акција „Ќелија“ на МВР, уапсени 9 терористи, 27 се во бегство

06.08.2015 | 16:56
Прочитано: 6657
Девет лица се уапсени, а по 27 се трага  во антитерористичката акција „Ќелија“ која МВР ја спроведе против осомничени структури на исламската држава во Македонија. 
 
Осомничените се товарат за организирање и врбување на поединци да заминат во паравоените формации на блискиот исток, но и за учество во силите на ИСИЛ.
 
Министерот Чавков информираше дека МВР извршило претрес во 28 објекти, од кои 21 се во Скопје, четири во Гостивар и по еден во Тетово, Куманово и Струга. Претресувани се и домови, но и помошни простории на џамијата Тутунсуз во Скопје, како и во Јаја Паша џамијата. 
 
Дел од приведените денеска беа и на распит во скопскиот кривичен суд. Меѓу уапсените во акцијата во Тутунзус и Јаја Паша џамијата е и имамот на овие две џамии. 
 
Според МВР ќе треба дополнителната истрага да даде повеќе детали за неговиот ангажман во терористичките групи.
 
Според информациите на МВР, околу 130 државјани на Македонија досега биле или се уште се наоѓаат на фронтовите во Сирија и Ирак.  
 
Екипата на 24 Вести денеска ги посети скопските џамии каде беше спроведена акцијата но жителите кои живеат во близина не беа расположени јавно да говорат пред камера - потврдија дека утрово имало големо присуство на полицијата околу џамиите.

Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.