Полицаец испукал куршум од небрежност

27.03.2014 | 17:03
Прочитано: 570

Полициски службеник од СВР Велес додека го чистел својот службен пиштол, од небрежност испукал еден куршум  низ прозорецот од неговата канцеларија.

Куршумот завршил  во просториите на соседната зграда, општина Велес.

Како што информира СВР Велес, настанот се случил вчера во 10 часот и 10 минути. Полицијата извршила увид на местото.

За настанот бил известен Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР и Јавното обвинителство во Велес. Повеќе од видео прилогот.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.