Пол-позиција за Фетел во Хокенхајм

21.07.2018 | 17:26
Прочитано: 1591

Себастијан Фетел ја освои пол-позицијата за трката за германското гран-при во Формула 1, пред Валтери Ботас на второто и Кими Раиконен на третото место.

Германецот од Ферари беше најбрз долго во третата квалификациска сесија, пред Ботас да го надмине со својот „летечки круг“, откако времето за возење веќе истече. Сепак, Фетел се уште беше на патеката, зад него, па кога стигна на целта часовникот одбележа 1:11.212, што беше доволно за 55 пол-позиција во неговата кариера.

Луис Хамилтон повторно се мачеше со дефект на болидот, во втората сесија, без да оствари резултат. Благодарение на фактот дека Даниел Рикардо доби казна за менување на елементи во болидот, поради што ќе стартува последен, Хамилтон го доби 14-тото стартно место.

Фетел ќе влезе во утрешната трка со мисија првпат да победи на асфалтот во Хокенхајм, со што би ја зголемил предноста во генералниот пласман, во однос на Хамилтон, која сега изнесува осум бода.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.