Поканата од НАТО во рацете на Македонија

12.07.2018 | 17:02
Прочитано: 2211

Поканата на Македонија за НАТО и официјално врачена на премиерот Заев. Со свечено одбележување пред медиумите  но и на заедничка прес- конференција Генералниот секратар на алијансата Столтенберг ја предаде во рацете на шефот на македонската влада Заев посакувајќи и успех на земјата но нарекувајќи го овој ден како важен камен темелник и за Македонија и за НАТО – Алијансата.

„Ова ќе биде важен ден за вашата земја и за НАТО. Денес е важен ден каментемелник во постигнувањето на целта. Знам дека компромисите беа тешки за двете страни но верувам дека договорот е во најдобар интерес. Ова беше одлучувачкуи пробив кој ги отвори вратите да станете полноправна членка.“ - изјави Јенс Столтенберг.

Премиерот Заев пак во изјавата рече дека поканата не е заслуга замо на оваа влада туку и на сите досегашни влади и политичари но и на граѓаните на земјата кои уште еднаш ги повика на референдум. Не пропушти прилика да им се заблагодари ниту на неговите колеги од Грција и Бугарија Ципрас и Борисов.

„Ова е историска одлука за земјата и за граѓаните, признание за нашата посветена работа две децении, и за сите македонски политичари од независноста до денеска. Бидете уверени, додаде, дека нашето членство ќе ја консолидира демократијата во регионот и ќе служи како позитивен пример во Западниот Балкан. Како идна 30 земја на Алијансата подготвени сме да дадеме позитивен пример и да придонесуваме за обликување на Западниот Балкан во мирен, просперитетен и демократски регион“ - изјави Зоран Заев.

Кон крајот на јули - почетокот на август пак веќе се очекува во Македонија да пристигне експертскиот тим кој ќе работи во делот на техничките подготовки кои се однесуваат на пристапните преговори со НАТО . Дел од медиумите веќе објавија дека во игра се две имиња кои ќе ги водат преговорите на НАТО со Македонија. Едниот е помошникот на Столтенберг - Алваро Гонзалес  а второто име кое се врти како можен преговараќ е административецот Џејмс Мекеј од оделот за политички и безбедносни прашања во  Алијансата.

Во меѓувреме пак словенечкиот амбасадор во НАТО Јелко Кацин од Брисел порача дека само од граѓаните на Македонија зависи дали земјата ќе стане членка на Северно – атланскиот сојуз бидејќи ако се реализира во целост Преспанскиот договор - Грција нема да ги блокира процесите бидејќи тоа само по себе ќе значи и уставни промени без кои Македонија не може да стане членка.

„Одлуката во Грција е веќе усвоена, условите се на ваша страна, штом ги исполните условите очекуваме позитивен сигнал од Атина, да не добиевме позитивна порака генералниот секретар немаше да може да го потпише документот и да започне пристапни преговори.“

Преговорите со алијансата се очекува да траат повеќе од 6 месеци кога се очекува да биде завршена и целата процедура во врска со договорот со Грција , а за ратификацијата и протоколот  ќе биде потребна  речиси една година. Односно целокупниот процес се очекува да трае околу 18 месеци.

 


Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.