Поканата од НАТО ќе се слави в сабота, во 15 градови во Македонија

12.07.2018 | 10:53
Прочитано: 5988

Премиерот Зоран Заев од Брисел најави прослава во 15 македонски градови, в сабота по повод поканата од НАТО за членство на Македонија во Алијансата.

На вчерашниот прв ден од Самитот на НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг ја потврди поканата за нашата земја и рече дека Македонија ќе стане 30. членка на НАТО кога ќе бидат завршени сите национални процедури и договорот за името со Грција ќе биде комплетиран.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.