Поголема финансиска незавизност за жените бара Сојузот на стопански комори на Македонија

16.05.2018 | 21:21
Прочитано: 1306

Бројот на жени кои учествуваат на пазарот на трудот во Македонија константно се намалува. Спорад податоците на Светска банка за четири години учеството на жените во работењето се намалило за цели два проценти, а лани високите раководни позиции жени ги управувале помалку од два проценти.

Сојузот на стопански комори на Македонија со барање до државата да обезбеди еднакви можности за жените, да ги отстрани предрасудите и да издејствува поголеми плати за нив.

„За истите професии во одредени случаи жените се помалку платени од мажите. Според статистиките за околу  12 проценти. Потребно е да го зголемиме пристапот на жените до финансиите, да ги отстраниме бариерите што се уште постојат следејќи го примерот на брзо растечките економии“  - изјави Габриела Кулебанова, член на Управниот одбор на Сојузот на стопански комори на Македонија

Но, за да може жените поактивно да се вклучат во работата според Кулебанова државата мора да обезбеди услови за непречено функционирање на жените.

„Ние имаме проблем во основата на целото општество затоа што немаме консолидација на институциите и услови за една семејна жена нема каде да го остави своето дете за време на соодветното работно време кое и е понудено “ - изјави Кулебанова.

Вработувањето на жените било тема и на денешниот собир на земјите од западен балкан во Виена. Претсавници на земјите одрегионот се обврзале дека ќе работат на вработување на повеќе жени на подобро платени позиции.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.