Поделени ставови околу образовните реформи

19.01.2018 | 18:15
Прочитано: 1917

Реформите во образованието се добри, но тешко остварливи. Вака дел од засегнатите ги коментираат најавените промени во ресорот образование. Од СОНК кои што велат дека не биле  вклучени во процесот на донесување на  пакетот реформи велат дека постои сомнеш при реализација на најавените реформи.

„Ова теоретски добро звучи за родителите и учениците, но ќе видиме како тоа би се имплементирало, колку наставниците би биле оптеретени со нов начин на планирањеи реализација. Има многу нејаснотии.“ - вели Јаким Неделков – претседател на СОНК.

Дел од професорите пак оптимисти, велат на овој начин ќе се обезбеди поголем квалитет и време не само за образовната, туку и за воспитната компонента.

„Тука не се работи за намалување на бројот на часовите кај наставниците дека тие ќе имаат негативни последници, туку се работи за подигнување на интересот кај ученикот кон наставата и создавање на љубов кон училиштето.“ - вели Сузана Тахир – Наставнички пленум.

Министерството за образование, вчера презентираше еден куп мерки. Едни од клучните промени на новите наставни програми и планови за првото одделение е намалување на борјот на часови со тоа што учениците во прво одделение нема да имаат повеќе од 4 часови дневно.  

„Сакаме со реформите да им дадеме на учениците знаење и да го вратиме интересот и желбата за учење.“ - вели Рената Дескоска – мминистерка за образование и наука.

Дополнително се предвидува зголемување на времето за одмор и игра, каде се предвидува на секој час од 40 минути, да има 15 минути одмор за децата каде наставникот ќе одлучи кога да се реализира истата пауза, намалување на тестирањата на учениците за сметка на комплексното проверување на резултатите од учењето, домашните работи се заменуваат со вежби на час под контрола на наставникот, намалување на времето планирано за меморирање за сметка на времето планирано за истражување и проблемско учење.


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.