Почна „Тиквешки гроздобер 2018”, во недела кавадарчани ќе ги забавува Цеца

07.09.2018 | 12:10
Прочитано: 721

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска на прес конференција го означи стартот на манифестацијата “Тиквешки гроздобер 2018”. Тој информираше дека настанот бил подготвуван шест месеци, најавувајќи 750 учесници на карневалското дефиле во недела.

- Имаме организиран бесплатен превоз со триесетина автобуси, од неколку градови до Кавадарци. Повеќе од сто волонтери ќе се грижат за паркирањето на гостите, кои следните три дена се очекува да дојдат во голем број. Обезбедени се девет локации за паркирање со над четири илјади паркинг места. Имаме стопроцентна искористеност на капацитетот од леглата со кои располагаме, а регистриран е и недостаток. Очекуваме амбасадори, високи функционери, посетители од земјава и странство, рече градоначалникот, спомнувајќи дека во организацијата помогнаа спонзори и донатори.

Винарии и угостителски објекти имаат свои штандови во централното градско подрачје. Плоштадот во Кавадарци собира околу 25 илјади луѓе, но педесетина илјади комотно можат да бидат дел од богатата програма овие три дена, со тоа што можноста да се биде дел од забавата, се продолжува се до старата автобуска станица.

- Годинава очекуваме рекордна посетеност. Очекуваме, исто така, ова да биде најголем настан за 2018 година. Се со цел Кавадарци да оди напред, нагласи Јанчев, соопштувајќи дека по манифестацијата, јавно ќе информираат за трошоците на општината околу нејзината организација.

Според програмата вечерва на градскиот плоштад настапува Слаткаристика, утре Некс тајм, Љубојна како и оркестар Џамбо Агушеви, а во недела српската пејачка Цеца.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.