Почина Украинец претепан од Русин за време на натпреварот Хрватска–Русија

15.07.2018 | 13:57
Прочитано: 1587

Еден граѓанин на Украина (57-годишен) починал во Анталија,Турција, откако бил претепан од руски насилници. Украинскиот турист од Запорожје една недела бил во кома.

Како што објавија од „Интерфакс-Украина“, тој починал вчера околу 10 часот. Украинецот имал сериозни повреди откако пред хотелот во градот Аланија бил претепан од руски државјанин.

Според информации, конфликтот меѓу украинскиот државјанин и 30-годишниот руски турист потекнал од гледањето на натпреварот од 1/8 финалето на Светското првенство меѓу Русија и Хрватска.

Според роднините на починатиот, турската полиција го казнила Русинот само со 800 долари, по што тој заминал во својата татковина.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.