Почина таткото на Мајкл Џексон

28.06.2018 | 13:12
Прочитано: 1300

Музичкиот менаџер Џо Џексон, почина на 89 години, пренесува американскиот портал „ТМЗ“. Според информациите, Џексон починал од рак на панкреас.

Братот на Мајкл, Џермеин Џексон признал дека нивниот татко е на смртна постела.

Музичкиот менаџер наводно во Бразил 2015 година имал срцев удар, поради кој го изгубил видот и оттогаш здравјето му било многу лошо.

Во 2002 година, Џо ја добил наградата за „Најдобар музички менаџер на сите времиња”.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.