Почина Стивен Хокинг

14.03.2018 | 09:23
Прочитано: 1245

Најпознатиот теоретски физичар и космолог на 21 век, Стивен Хокинг почина утрово на 76 годишна возраст во неговиот дом во Кембриџ, објави неговото семејство.

Во неговата научна дејност тој беше пионер во областа на космологијата, општиот релативитет и квантната механика, автор на многубројни научни трудови во соработка со научници и научни институции ширум светот. Особено познат по теоретското откривање на хокинговото зрачење, процес според кој црните дупки „испаруваат“.

Тој беше прв физичар кој се обиде да ги објасни физичките закони во  универзумот поврзувајќи ја космологијата со квантната механика и голем поддржувач на теоријата за мултиверзум.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.