Почина славниот моден дизајнер Живанши

12.03.2018 | 22:52
Прочитано: 1908

Основачот на модната империја „Живанши“, легендата на францускиот и светски дизајн Ибер де Живанши почина на 91 години, потврдено е од модната компанија и неговото семејство.

Легендарниот француски дизајнер кој ги осмисли модните стилови на Џеки Кенеди и Одри Хепберм почина на 91 години.

-Со голема тага известуваме дека нѐ напушти Ибер де Живанши, наведува во соопштението партнерот на модниот дизајнер Филип Вејн.

Живанши е роден на 21 февруари 1927 година во семејство на многу уметници. Меѓу останатото, прадедото на Ибер изработувал костими за театар, а некои од неговите модели се во Елисејската палата.

Хубер де Живанши ја созде својата модна куќа на 25-годишна возраст и беше еден од најмладите модни дизајнери. Светски познат станат по средбата со Одри Хепберн, што подоцна се претвори во долгогодишно пријателство. Двајцата работат за првпат заедно во филмот „Сабрина“ во 1954 г, а фустанот на Хепберн, создаден од Живанши, од почетните кадри на „Појадок кај Тифани“ (1961) е вистинска легенда.

Во 1988 година, Живанши ја продаде модната куќа „Givenchy”, а во 1995 година се повлече од светот на модата. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.