Почина родилка во штипската болница, бебето е добро

14.06.2018 | 14:36
Прочитано: 6259

Утринава во штипската Клиничка болница почина 28 годишна родилка од Свети Николе. Маја Паневска, починала неколку часа по породувањето.

Од болницата велат дека родилката била примена вчера, а се породила по природен пат, пет минути по 21 часот. На свет донела здраво машко бебе.

Состојбата и се влошила во текот на ноќта, а битката со животот ја загубила утринава, нешто пред седум часот. Бебето е добро и е згрижено во детската соба на акушерското одделение во Штип.

Нема официјално објаснување што довело до смрт на 28 годишната жена. Во соопштението од  Клиничка болница - Штип се изразува сочувство до семејството, но повеќе информации најавуваат по завршувањето на обдукцијата.

Од семејството потврдуваат дека чекаат да заврши обдукцијата, по што Паневска ќе биде погребана.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.