Почина Павлина Апостолова-Богданова – првенка на македонската опера

15.04.2018 | 11:34
Прочитано: 1878

Во Скопје, на 9о-годишна возраст,  почина поранешната првенка на Македонската опера. Павлина Апостолова-Богданова припаѓа на прават генрација оперски солисти што ја формираа македонската  оперска сцена и музичка култура.

До нејзиното заминување во пензија,  со изведби на 4о-тина главни улоги и познати арии во речиси половина од дотогаш изведените оперски премиери во МОБ, со концертирања во земјата и странство, беше вреднуван и ценет вокал.

Со својот сопруг Петре Богданов – Кочко, еден од основоположниците на македонската Опера, но и композитор, педагог и певец, Апостолова е вградена во темелите на современата македонскта култура.

Таа се здоби и со стаус на истакнат македонски уметник. Погребот е извршен денеска во кругот на најблиските.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.