Почина најпознатиот теоретски физичар и космолог Стивен Хокинг

14.03.2018 | 18:16
Прочитано: 1986

Најпознатиот теоретски физичар и космолог на 21 век, Стивен Хокинг почина утрово на 76 годишна возраст во неговиот дом во Кембриџ, објави неговото семјство.

Астрофизичарот се сметаше за еден од најголемите умови во светот, развивајќи важни дела за космологијата, општиот релативитет и квантната механика, автор на многубројни научни трудови. Особено познат по теоретското откривање на хокинговото зрачење, процес според кој црните дупки ’испаруваат’.

Тој беше прв физичар кој се обиде да ги објасни физичките закони во  универзумот поврзувајќи ја космологијата со квантната механика и голем поддржувач на теоријата за мултиверзум.
 
„Мислам дека ќе немаме иднина доколку не отиде во вселената. Токму поради оваа причина, верувам дека вселенските програми се одлучувачки фактор во ширењето на човековата раса.“ - велеше Хокинг.

Негово најпознато дело е „Кратка историја на времето" во кое тој ја објаснува природата на универзумот а за многумина тој беше најголемиот гениј на денешницата. Загубивме колосален ум и прекрасен дух, напиша Тим Бернерс Ли, креатортот на интернетот во пораката која ја испрати до семејствопто на Хокинг.

Неговиот исклучителен придонес во научните сознанија и популаризацијата на науката и математиката оставија наследство кое никогаш нема да се избрише, напиша Стефан Топ, потпретседател на Универзитетот Кембриџ каде што неколку децении предаваше и Хокинг.

На дваесет и две годишна возраст, на Хокинг му беше дијагностицирана амиотрофична латерална склероза, неизлечивата нервна и мускулна болест и докторите му предвидоа дека има само уште неколку години живот....Тој со децении се движеше со помош на инвалидска количка а кон средината на осумдесетите години почна да му откажува и говорот и беше приморан да користи компјутер за комуникација.


Стојанчо Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.