Почина Маргот Кидер, најпозната по улогата на Лоис Лејн од филмовите за Супермен

15.05.2018 | 04:11
Прочитано: 3077
Марго Кидер, канадската актерка која се прослави со улогата на Лоис Лејн во серијалот филмови за Супермен, почина на 69 години во својот дом во Монтана. Актерката почина во неделата, а семејството дури вчера ја објави веста. 
 
Кидер ја оствари значајни улоги во хорор филмовите „Сестри“ и „Црн Божиќ“. Светска слава и донесе токму улогата на Лоис Лејн во „Супермен“ во 1978 година. режисерот Ричард Донер не сала супер згодна актерка како партнерка на кристофер Рив, туку ја одбрал Кидер поради нејзината природност.
 
Кидер ја повтори оваа улога и во наредните три филма за Супермен, а потоа се посвети на политичкиот активизам. Зад себе има три неуспешни бракови и едно дете.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.