Почина Иван Карадак, авторот на емисијата Хихирику

17.12.2017 | 19:57
Прочитано: 4592

Денеска во Скопје, почина таткото на модерната македонска сатира, Иван Карадак, кој и беше познат на пошироката јавност по емисијата “Хихирику” што секоја недела одеше на првата програма на македонското радио, во 11 часот, цели четириесет години.

Беше автор на театарските претстави: “Угоре високо – Удолу длабоко”, “Хумористична партија “, адаптацијата на текстот “Како да ја убиеш сопругата и зошто”, три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма “Мајче” и многу други.

Беше автор и на неколку книги: афоризмите “Коприварник”, сатиричните песни “Талкач по душата “, сатиричните песни “Записи врз водата”, куси сценарија “Лајач на месечина” и најновата книга афоризми “Мисли со Боцки “. Беше автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои: првонаградената “Цвеќе на карпатa “, познатите “Камчевци”, “Алф од Ново Лисиче “, “Ало Ало “, “Агенција осамени срца”, “Балканбенд ” и други.

Добитник на многу награди меѓу кои државната награда Св. Климент Охридски.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.