Почина холивудската легенда Барт Рејнолдс

07.09.2018 | 03:53
Прочитано: 886

Барт Рејнолдс, легендата на холивудскиот филм, почина на 82-годишна возраст во болница на Флорида како последица од срцев удар.

Актерот познат по своите мажествени мустаќи имаше кариера од шест децении, прославувајќи се со филмот „Ослободување“ од 1972 година, во кој четворица пријатели одат на трагична авантура со кајаци во рурална Џорџија. 

Освен што филмот освои три номинации за Оскар, Рејнолдс стана секс симбол на тите, а светска слава доивеа со акционата комедија „Смоки и бандитот“ од 1977 година. 

Неговата кариера доживеа благ пад во 80-ите години, но оствари голем камбек во наредната деценија со филмовите „Стриптиз“ и „Ноќи исполнети со буги“, за кој ја доби и единствената номинација за Оскар и беше награден со Златен глобус. 

„Никогаш не сум имал нормална кариера, мојата повеќе личеше на срцев удар. Сум снимил повеќе од 100 филмови и сум пример за долговечност“, изјави своевремено Рејнолдс, кој издаде две автобиографии. 

Последно, тој требаше да се појави во новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.