Почина авторката на хитот "Ella, Elle L"a", Франс Гал

07.01.2018 | 19:00
Прочитано: 3382

Француската пејачка Франс Гал позната и по планетарниот хит "Ella, Elle L"a", почина денеска по двегодишна борба со ракот, пишуваат француските медиуми.

Таа на 19 декeмври била префрлена во болница поради сериозни инфекции Пејачката со години имаше здравствени проблеми и ретко се појавуваше во јавноста.

Медиумите пишуваа дека не присуствувала ниту на погребот на пејачот Џони Холидеј со кого го сними дуетот  "Quelque chose de Tennessee". 

Франс Гал беше популарна во шеесеттите години во земјите од француско говорно подрачје. Победи на натпреварот за песна на Евровизија во 1965 година со песната "Poupee de cire, poupee de son" како претставничка на Луксембург. Нејзина најпопуларна поп песна е "Ella, Elle L'a".

Беше позната и по љубовните авантури со пејачите Клод Франсоа.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.