Почина актерката Јелена Жигон

14.04.2018 | 19:55
Прочитано: 7634

Српската актерка Јелена Јовановиќ Жигон почина во Белград по кратко боледување на 85-годишна возраст.

Жигон сними над 50 играни и 15 телевизиски филмови меѓу кои „Првиот граѓанин на малиот град“, „Мојата страна на светот“, „Утро“. На просторите на поранешна Југославија најголемата популарност ја стекна со улогата во серијалот „Жикина династија“ каде ја толкуваше улогата на Јелена Тодоровиќ популарната Прија.

Таа е добитничка на наградата „Златен прстен“ за најдобра актерка во 1961 година, како и на други бројни југословенски и меѓународни признанија.

Во декември, актерката беше гостинка во нашата емисија Патот до успехот, каде по 20 години за првпат зборуваше за својот живот и кариера. Родена е во Белград и во својата актерска кариера има запишано безброј театарски и филмски улоги. На 16 години се запишува на факултетот за драмски уметности каде нејзиниот иден сопруг Стево Жигон бил асистент. По една година помината во Париз каде била манекенка, Јелена се враќа во Белград и се посветува на семејството и кариерата. Во серијата „Винету“ играше и со светски познатиот актер Стујарт Гренџер кој бил вљубен во неа, па иако знаел дека е мажена и понудил брак.

Јелена и Стево беа родители на ќерката Ивана, денес успешна актерка и режисерка и синот Никола, сликар. Таа е единствената актерка од бивша Југославија која ја има добиено наградата за животно дело „Сергеј Бондарчук“ на меѓународниот форум „Златен визтез“ во Русија. Малку е познато дека Јелена влече корени од познатата кралска династија Караѓорѓевиќ.

Јелена ќе биде погребана в петок на Ново бежаниско гробље во Алејсата на заслужните граѓани до нејзиниот сопруг Стево.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.