По самитот во Брисел – средба на партиските лидери за рефрендумот

11.07.2018 | 17:06
Прочитано: 1474

Зоран Заев по враќањето од Брисел ќе бара поддршка од Христијан Мицкоски и останатите лидери на партии за референдумот. Премиерот во интервју за грчката агенција АНА МПА вели дека по самитот на НАТО планира состанок на кој ќе побара поддршка, но и мислење за датумот и референдумското прашање.

Заев вели дека очекува уставните зимени да завршат до 15 јануари, по што Грција треба да го ратификува договорот во грчкото Собрание заедно со протоколот за македонското членство во НАТО.

Премиерот оптимст дека референдумот ќе успее, вели дека над 70% од граѓаните го поддржуваат договорот.

„По НАТО Самитот ќе имамам средба во Собранието, сите партии, да го дефинираме датумот за референдумот, прашањето и карактерот за референдумот. Најверојатно ќе биде на крајот на септември или на почетокот на октомври. Се надевам дека сите ќе бидат мотивирани да придонесат за успех за референдумскиот процес“ - вели во интервјуто Заев.

Официјално од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не добиле покана и дека не коментираат хипотетички состојби. Извори пак од најголемата опозициска партија порачуваат дека како и досега така и одсега немаат против лидерска средба и разговори со Заев. Од партијата на Мицкоски порачуваат дека опозицијата допрва ќе одлучува околку нивното учество на референдумот и поторуваат дека тоа ќе завси од референдумското прашање и условите.

Висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ за ТВ 24 вели дека прашањето е едно – дали сте за или против договорот за името, се друго вели ќе биде манипулација.

Опозициската формулацијa засега ја нема во опциите кои како можни ги најави премиерот - Дали сте за Дали сте за Европската унија и НАТО и за поддршка на Договорот со Грција“ или пак дали сте за Европската унија и НАТО, поддржувајќи го името Република Северна Македонија“, како трета можност владини извори не ја отфлаат опцијата за негативно прашање. Поддршка за иницијативата и од собранискиот спикер.

„Мислам дека е добра иницијативата да се седне и сите политички партии да се дефинира она што е барање на референдумот.“ - изјави Талат Џафери, претседател на Собранието.

Првиот парламентарец ги потсети партиите дека приоритет е сепак формикрањето на ДИК без која нема и референдум. Во работната група меѓу ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ и натаму на маса е пржинска Влада дали да ја има или пак не пред секои избори.

 

 

 


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.