По продажбата на мерцедесот, владата ќе одлучува за набавка на амбулантните возила

14.02.2018 | 18:10
Прочитано: 2782

Блиндираниот мерцедес дефинитивно оди на продажба.  Тој е симбол на нетранспарентното трошење на претходната влада и сакаме да остане зад нас, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски.  Возилото деновиве ќе биде ставено на електронска аукција со почетна сума од 234 илјади евра, вредност на која е проценет после шест години од неговата набавка.

Мерцедесот С 600 Гард е единствено возило кое го поседува земјава со седми степен на заштита и  може да издржи експлозивен удар. Бошњаковски тврди дека и покрај продажбата Македонија ќе одржува безбеден транспорт за високи странски делегати или државниот врв, но не даде детали колку тоа ќе го чини буџетот и од каде ќе бидат изнајмени блиндирани возила.

„Симбол на нерационално трошење на парите на граѓаните на едно врмее кое сакаме да биде оставено зад нас. Гостите ќе бидат обезбедени на највисоко моќно безбедносно ниво.“ - вели Миле Бошнаковски.

Владата го продава фамозниот мерцедес по предизборните ветувања на премиерот Зоран Заев. Тој тврдеше дека со парите од неговата продажба ќе купат нови амбулантни возила. Засега, од Илинденска бр.2 нема план колку болнички возила ќе бидат купени и дали ќе треба да се бара нов финансиски извор за да се исполни ветеното. Се чека исходот од јавното наддавање. Во меѓувреме, на поранешниот премиер Груевски, екс министерката Јанкуловска и нејзиниот помошник за јавни набавки Поповски им се суди за незаконска набавка.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.