По една година пауза, во штипската болница повторно се ставаат стентови

15.05.2018 | 17:35
Прочитано: 1368

Повторното ставање во функција на ангиографот во штипската Клиничка болница спаси живот на 37 годишен пациент. Тој со инфаркт бил донесен во болницата.

„За негова среќ, апаратот беше во функција и му се изврши интервенција и ставен му е стент.“ - изјави Д-р Сашо Николов-интервентен кардиолог.

Ангиографот во штипската болница се расипа пред повеќе од една година. Изборите ја одложија поправката. Неговото повторно ставање во функција чинеше 50 илјади евра.

„Додека траеја изборите не можеше да се распише тендер и да се поправаат апарати. Откако се заврши тоа, се распиша тендер.“ - изјави д-р Ален Георгиев -дир.на Клиничка болница Штип.

На листа за чекање се околу 50 пациенти од регионот. Засега стентирање вршат двајца интервентни кардиолози, а набргу ќе им се приклучат уште тројца колеги.

„Капацитетот е 4-5 интервенции на ден.“ - изјави д-р Николов.

Расипаниот ангиограф ги принуди пациентите од источна Македонија својот спас да го бараат на клиниките во Скопје, но за неколку акутни случаи пoради расипаниот апарат потрага заврши на пат до болница.


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.