По автопатот Демир Капија-Смоквица ќе се вози до крајот на месецов, без да се плаќа патарина во првите месеци

16.04.2018 | 17:25
Прочитано: 5178

По новиот автопат кон Грција оваа летна сезона ќе се вози бесплатно. Според директорот на ЈП за државни патишта Китанов пунктовите за наплата ќе се постават дополнително, по пуштањето на автопатот во употреба,  бидејќи одобренијата за нивна градба се издадени пред еден месец, а за да се изградат потребни се од 8 до 10 месеци.

„Две патарини  ќе има, една кај Гевгелија, една кај Демир Капија, нема да има застои, ќе бидат електронски со припејд, со тагови и ќе има на тој дел патарини, но со голем проток, а цената се утврдува согласно правилникот  за километража.“ - вели Зоран Китанов, директор на ЈП за државн патишта.

Според Китанов освен поставувањето на нови патарини на автопатот кон Грција, во тек е модернизација на сите останати наплатни рампи долж Коридорот 10. Со проширувањето и со електронската наплата, вели Китанов, повеќе нема да има застои при плаќањето на патната такса вклучивајчи го и новиот, автопатот до Смоквица кој ќе биде пуштен во употреба кон крајот на месецот.

Инаку, 28-те километри автопат од Демир Капија до Смоквица се градеа шест години. За целиот прокет изведувачот грчки Актор наплати 218 милиони евра, или околу 8 милиони евра за километра автопат. СЈО веќе води истрага за изградбата на оваа делница во која се осомичени поранешните премиер и министер Никола Груевски и Миле Јанакиеснки дека при изборот ја фаворизирале  грчката компанија Актор со што на буџетот му нанеле штета од 7 милиони евра. Дополнително постои сомневање за перење пари.

Министерот Сугарески кој со Китанов  беша на увид на реконструкцијата на регионалниот пат кај Петровец најавиа градежна експанзија за 2018 година.

„Имаме над милијарда денари оваа година кои ќе бидат потрошени на делот на реконструкцијата, на регионалните и експресни патишта. Очекуваме она што беше најавено изминатиот период, дека ќе направиме силна градежна експанзија.“ - изјави Горан Суграрески, министер за транспорт и врски.

Според Сугарески нов асфалт и реконструкција треба да добијат околу 30-тина регионални патни правци низ цела Македонија.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.