По 35 години повторно се отвора кино во Саудиска Арабија

06.04.2018 | 14:11
Прочитано: 1669

По пауза од 35 години во Саудиска Арабија повторно ќе може да се ужива во филмови на големото платно, а компанијата „АМЦ“ во следните пет години ќе отвори 40 кино сали во 15 градови низ земјата.

Ова е дел од реформите што ги спроведува принцот Мухамед бин Салман преку амбициозниот проект „Визија 2030“ за етапно враќање на индустријата за забава во ова конзервативно муслиманско кралство.

Во 70-тите години во Саудиска Арабија работеа кино сали, но тие беа затворени по барање на тврдокорните исламски водачи.

И покрај одлуката на властите да дозволат повторно отворање на кино салите големиот муфтија Шеик Абдул Азиз ел Шеик не ја пропушти можноста да го искаже своето мислење дека тоа претставува изопачен вид забава.

Првото кино ќе биде отворено на 18 април со проекција на акциониот филм „Црниот пантер“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.