Пленковиќ: Хрватска и Словенија се близу до договор за границата

12.01.2018 | 21:16
Прочитано: 1629

Хрватска и Словенија се многу близу до решение за граничниот спор, независно од впечатокот што постои во јавноста околу ова прашање, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Нагласувајќи дека хрватска на словенечката страна и го претставила својот предлог за надминување на спорот, кој, според него, би можел да биде „многу добра основа за изнаоѓање конечно решение“.

Претходно денеска словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави дека „порано или подоцна“ хрватска ќе го промени својот став околу арбитражната пресуда за граничниот спор. Тој најави и дека словенечкото Министерство за надворешни работи подготвува тужба против Хрватска поред Европскиот суд, поради одбивањето да ја прифати одлуката на арбитражата за границата во Пиранскиот залив. Коментирајќи ја ваквата најава на Ерјавец, Пленковиќ изјави дека не гледа основа за каква било тужба, бидејќи земјата не крши ниту еден елемент од правните норми на ЕУ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.