Планинари тргнаа пеш од Струмица кон Скопје за да му оддадат почит на Трајковски

22.02.2018 | 12:12
Прочитано: 4953

Во пресрет на одбележувањето на годишнината од смртта на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, 20 тина планинари од југоисточна Македонија од Струмица се упатија кон неговото вечно  почивалиште во Скопје. Во наредните пет дена тие ќе пешачат околу 200 километри за да му оддадат почит на Трајковски кој загина во авионска несреќа во Босна.

„Планинарите ги влече љубовта кон планините, а ова што го правиме е во чест на  починатиот претседател Борис Трајковски“, вели Ангел Милков – планинар

„Заслужен е Борис Трајковски кој беше претседател на Република Македонија“, вели Симеон Николов- планинар

„Ако се има цел нема тешка маршута. Овој марш е во чест на загинатиот претседател Борис Трајковски“, вели  Димче Коцев- планинар

Меѓу учесниците на планинарскиот марш беше и 65 годишната  Василка Митревска од Радовиш. Таа тврди дека Трајковски заслужува многу повеќе.

„Трајковски беше за сите, правеше само добри дела и не правеше поделба. Тоа сакам да го порачам на сите, да бидеме здружени сите и само такви ќе си ја чуваме државата“, вели Василка Митревска – планинарка

Маршот го организира друштвото Ентузијаст од Струмица  кои претстојниот викенд ќе реализираат и искачување на врвот на Беласица која е именуван по Трајковски - Ботра висок 1880 метри.

„Вториот дел од одбележувањето е искачување на врвот Борис Трајковски – Ботра на планината Беласица и тоа ќе се случува во сабота и недела. Ќе земат учество околу 70 планинари, имаме и гости од Русија, Бугарија, Валандово , Струмица. Се надевам дека временските услови ќе бидат добри“, вели  Никоал Ристов – Друштво Ентузијаст Струмица

Друштвото Ентузијаст веќе 13 години ја одбележува смртта на претседателот Трајквоски со планинарски маршеви и искачување на врвови на Беласица.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.