Пилот проект за вработување на млади

17.05.2018 | 17:40
Прочитано: 1110

 

Министерството за труд и социјална политика ќе ја прошири програмата „Гаранција за млади“, доколку овој пилот проект што се реализира во Струмица, Гостивар и Скопје ги даде посакуваните резултати.

Станува збор за проект што министерството го спроведува со Националниот младински совет за враќање на довербата кај младите во Агенцијата за вработување со нивните активни мерки за младите.

„Моментално мерката дава ефект и напата цел е што повеќе млади луѓе да се вклучат со цел таа висока стапка на невработеност со поголеми чекори да ја намалиме. Мерката се имплементира со трите општини.“ - изјави Мартин Милошевски – Национален младински совет.

 

 

Министерката Мила Царовска тврди дека за два месеци преку Гаранцијата за млади 123 веќе засновале работен однос, а 60 одсто од индентификуваните млади невработени веќе аплицирале за некои од активните мерки на Агенцијата.

„Вклучени се 700 лица трите града од кои 123 се во работен однос, а 56% се во прогрмата за вработување и чекаат гранд, 86% се во програмата за субвенционирање на платаи, 73 во обуки за плати за побарување на пазар на труд и 73% во практиканство.“ - изјави Мила Царовска – министер за труд и социјална политика.

 

 

За градоначалникот на Струмица, Јаневски резултатите се охрабрувачки и како општина ке работат на задржување на младите во општеството.

„Продолжуваме со исто темпо, со цел младите да го најдата местото во општеството и да бидат креативни“ - изјави Коста Јаневски – градоначалник на Струмица.

 

 

Оваа програма има за цел да обезбеди на млади лица на возраст од 15 до 29 години во период од четири месеци шанса за вработување, континуирано образование и обука или практикантство.


 


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.