Пет години од „црниот понеделник“

27.12.2017 | 13:50
Прочитано: 4290

Пет години од црниот понеделник кога собраниското обезбедувањето насила ги исфли пратениците и новинарите од законодавниот дом и беше изгласан буџетот за 2013. Тогашната опозиција датумот го прогласи за ден од кога почна крајот на демократијата. За тогашната власт денот беше обид за државен удар и напад врз претседателот на Собранието. Што всушност се случи на 24 декември 2012 година.

На дневене ред пред пратениците беше Буџетот за 2013 година. Тогашната опозиција предводена од СДСМ поднесе над 1 200 амандмани што не беа во целост разгледани на комисиката расправа, а буџетот се најде во финалната фаза пред гласање. Повод за СДСМ да обвини дека  целосно е нарушена процедурата за носењето на буџетот. Уште во текот на ноќта граѓани предводени од тогашната опозиција почнаа протести. А следниот ден пред собранието  ги пречекаа и  контрапротести организирани од „Фронтот на народот“, кои беа за донесување на буџетот.

Јајца и камења, си разменија двете групи, но не  се судрија. Поголем инцидент беше избегнат.  Кулминираше внатре во собраниската сала. Тогашната опозиција не отстапуваше. Преку говорницата  го постави знамето на Македонија за да го  спречи носењето на буџетот надвор од процедура, како што велеа.  Спикерот Вељановски, со обезбедување ја напушти салата.  Собраниското обезбедување ги отстрани пратениците, но и новинарите од галеријата. Политичката криза заврши со мартовскиот договор,  под будното око на меѓународбата заедница.  А денот остана да се памети како црна дамка во македонската парламентарна демократија. 24 декември, останува врежан како еден од црните денови за демократијата во Македонија и сведочи за бруталноста на сега веќе поразениот режим на  Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, велат во денешното соопштение од СДСМ.

„Груевски и фамилијата пред очите на целокупната јавност, преку злоупотреба на полицијата во законодавниот дом ја погазија демократијата брутално исфрлувајќи и тепајќи новинари и пратеници. Граѓаните ги препознаа деструктивните политики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа го казнија нивното насилничко однесување, избраа промени, заедништво, нови одговорни власти кои работат во интерес на Македонија и нејзините граѓани“, стои во денешното соопштение на СДСМ.

Случувањата во и пред Собранието беа документирани и во европските извештаи, а ЕУ и тогаш мораше да се вклучи во напорите за надминување на кризата. Уставниот суд по претставка на ЗНМ, одлучи дека со исфрлањето на новинарите не е повреден член 16 од Уставот кој гарантира дека цензурата е забранета, а се гарантира пристапот до информации. Случајот стигна и до Европскиот суд за човекови права во Стразбур каде ЗНМ поднесе тужба дека било прекршено правото на слобода на изразување согласно член 10 од Европската конвенција, а судот пресуди во негова корист.

 

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

 


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.