Пенезиќ во трите ѕвезди, Суслина и Лакрабар меѓу најатрактивните

12.03.2018 | 09:45
Прочитано: 685

Вардарки ја заокружуваат главната фаза по групи од Лигата на шампионите со три признанија за најдобрите и најатрактивните на колото.

Не е големо изненадување што Андреа Пенезиќ е прогласена за една од трите најкорисни ракометарки во последното, шесто коло. Хрватката постигна 10 гола во победата на гости кај Будуќност и поита во трка за најдобар стрелец во ЛШ, покажувајќи уште еднаш дека е најважна алка во голгетерските задачи на ЖРК Вардар.

Покрај неа, во рубриката „Три ѕвезди“ се уште и голманката на Ростов Дон, Маиса Песоа и Стине Офтедал од Ѓер.

Уште две вардарки добија место во магазинот на најдобрите и најатрактивните. Александра Лакрабер за својата шрауба го доби третото место меѓу топ-5 гола, а Ина Суслина со двојна интервенција се избори за петта најдобра одбрана ова коло.

Вардарки ја завршија главната фаза првопласирани во својата група и го добија Митјиланд за противник во четвртфиналето. Двата натпревара ќе се играат во периодот од 6 до 15 април, прво во Данска, а потоа во Скопје.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.