Павлопулос: Решение на името и уставна ревизија за членство на ПЈРМ во НАТО и ЕУ

18.06.2018 | 14:20
Прочитано: 2471

Решение на името што нема да шири иредентизам и уставна ревизија се предусловите за напредок на Македонија кон НАТО и ЕУ, според грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. И покрај вчерапотпишаниот договор, за Павлопулос предусловите за европска и евро- атлантска интеграција остануваат исти.

- Предуслов за напредок во однос на НАТО и Европската Унија за поранешната југословенска Република Македонија е решавањето на името на оваа држава. Бидејќи е познато дека името што денес го има оваа земја, уставното име, шири иредентизам. Треба да се реши прашањето со името, така што ова име да не шири иредентизам. А за да се случи ова, ќе треба да има ревизија на нивниот Устав. Ова е прифатено од сите и од самата држава, како што произлегува од договорот, што беше потпишан вчера во Преспа - рече грчкиот претседател Павлополус.

Тој повтори дека Грција се стреми кон пријателски и добрососедски односи, ја поддржува европската и евро - атлантската интеграција на Македонија, но само доколку се исполнат поставените и договорените услови.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.