Павлопулос повторно побара име без иредентизам и промена на македонскиот Устав

22.02.2018 | 13:33
Прочитано: 1108

 

Промена на Уставот и изнаоѓање име во кое нема да има траги од иредентизам во однос на границите, националноста и јазикот, се предусловите кои Македонија треба да ги исполни доколку сака да се интегрира во НАТО и ЕУ, смета грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос.

Павлопулос, на почетокот од средбата со ирскиот претседател, Мајкл Хигинс, говореше за грчките национални прашања, за Кипар, Турција и Македонија. Павлопулос повторно рече дека актуелното име на нашата земја, „зрачи со иредентизам, брутално ја фалсификува историјата, има иредентистички корени и затоа го прекршува европското законодавство“.

Постои еден начин за поранешната југословенска Република Македонија да оди напред кон НАТО и ЕУ.

Прво, претходно да го промени Уставот. Второ, кое име и да го избере, да нема трага од иредентизам. дали во однос на границите, дали во однос на националноста, дали во однос на јазикот, рече Павлопулос на средбата со својот ирски колега Хигинс.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.